Кипарската полиција ги опоменала луѓето кои навечер со ласери ги заслепуваат пилотите на авионите над меѓународниот аеродром во Ларнаки дека така можат да предизвикаат несреќа со трагични последици. Кипарската полиција изјавила дека во последниве 15 дена четири пилоти се пожалиле оти биле заслепувани со ласери. Луѓето кои тоа го прават сигурно не знаат колку тоа може да биде опасно.


Објасниле дека зраците доаѓаат неколку километри источно од аеродромот, а во последниот инцидент на мета се нашол еден грчки авион. Полицијата изјавила дека сторителите на ова неодговорно дело може да заработат и доживотна казна затвор.