Бриџит Периколо (77) од Њу Џерси го ставила својот венчален и свршеничкиот прстен во сад кој сопругот Анџело го фрлил заедно со ѓубрето. Анџело, сфаќајќи ја грешката, го повикал шефот на градска чистота кој му рекол да оди кај локалното ѓубриште каде што камионот за ѓубре ја завршил турата.
Шефот Мајкл Бротонс и чистачите Едгар Лопез и Џозеф МекГи подоцна копале по ѓубрето додека не ја пронашле вреќата која ја фрлил Анџело.
-Ни требаа повеќе од 45 минути прекопување. По 11 тони ѓубре, секоја црна вреќа изгледа исто, изјавил Бротонс.
Парот неодамна ја прославил 55 годишнината од бракот.
-Се молев! Ова е чудо – вели пресреќниот Анџело.