Благодарение на заборавените очила еден Американец освоил џекпот од 3.000.000 долари.
Боби Гафеј секогаш ја играл истата комбинација на броеви и тоа датумите на раѓање на своите 5 деца. Но, овој пат дома ги оставил очилата и кога го купил тикетот, наместо последниот број 48 го напишал 46.
На крајот испаднало дека така пополнетиот тикет за лото е вреден 3 000 000 долари.
„Мојата сопруга вели дека се исплаќа да бидеш слеп“, изјавил Гафеј откако му е врачен џекпотот во Индианаполис.
Сопругата вели дека со освоениот износ ќе ја отплатат куќата, ќе одат на Хаваи и ќе орочат средства за своите 5 деца и 10 внучиња.