Поранешниот ученик на едно училиште во Феникс ги вратил книгите во училишната библиотека со 50 години задоцнување, а со нив пратил и 1000 долари за надокнада на трошоците. Библиотекарката на средното училиште Камелбак, Џорџет Бордајн рекла дека личноста која сакала да остане анонимна книгите ги позајмила во 1959 година и дека ги испратила по пошта.


Таа додала дека поранешниот ученик испратил писмо во кое објаснил дека со семејството се преселил во друга држава и дека книгите по грешка ги понел со себе. Во писмото навел дека парите кои ги праќа треба да го покријат трошокот за задоцнувањето, за кое се наплатува по два центи на ден по книга што вкупно изнесува 745 долари. Напомнал и дека праќа повеќе пари во случај денес доцнењето да се наплатува повеќе.