Британецот Џејсон Вилијамс провалил во куќата на своите први соседи и им го украл алатот, два пепелници, јагнешко месо и завесите. Соседите забележале дека им недостасуваат некои работи, но ништо не презеле околу тоа бидејќи штетата не била многу голема.
По неколку дена дошле во куќата на Вилијамс и на неговите прозорци ги забележале своите завеси. Вилијамс не сакал да признае дека ги украл од нивната куќа заедно со останатите работи. Го пријавиле во полиција по што признал се.