Банда од 4 крадци е уапсена откако полицијата ја следела трагата од ориз од складиштето на Филипини во кое провалиле. Ја пресекле бодликавата жица пред да побегнат со 4 вреќи ориз, телевизор и трицикл.


Но не забележале дека една вреќа има дупка и дека оставиле трага од ориз зад себе. Постариот полициски инспектор Франциско Данило рекол дека неименуваните мажи се обвинети за кражба откако полицијата ја следела јасната трага од ориз и ја пронашле бандата на само 450 метри од складиштето.