Полицијата на Шри Ланка во една акција уапсила околу 20 тинејџери поради бакнување, гушкање и држење за рака на јавно место. Уапсените деца биле задржани неколку часа во полициска станица, а потоа биле предадени на родителите. Против десетина од нив било подигнато обвинение за непристојно однесување на јавно место.


И покрај стилот на живеење воден според критериумите на запад, општеството во Шри Ланка е многу конзервативно кога станува збор за сексуалните односи. браковите обично ги договараат родителите, а девојките ретко излегуваат со своите врсници. Акцијата била спроведена во градот Карунегали.