Еден пар бил уапсен во музејот во Чарлстон откако биле фатени како во три часот наутро водат љубов во една од просториите на најстариот музеј во САД. Музејот во Чарлстон е посветен на историјата на културата, а Мајкл Левин Милер и Никол Хас биле уапсени во една од изложбените галерии, која инаку е затворена за јавноста.
Тие двајца на полицијата, која ги затекнала голи, им рекле дека се запознале таа ноќ во бар. Кога се упатиле дома, минувајќи покрај музејот виделе дека вратата е отворена и едноставно влегле. Обајцата биле уапсени и обвинети за нарушување на јавниот ред и мир.