Судот му дозволил на американецот Крег Смолвуд да го тужи производителот на видеоигри од Јужна Кореја за негрижа. Тој тврди дека толку станал зависен од играта Линеџ 2 што повеќе не можел да се грижи за себе. Вели дека не можел да се буди, облекува, капи, па дури и да разговара со семејството и пријателите. Објаснал дека играта ја играл 20 илјади часа во периодот од 2004 до 2009 година и додал дека доколку знаел колку ќе стане зависен никогаш немало да започне да ја игра.
Од производителот бара оштета од 3 милиони долари поради зависноста што ја ствара играта. Смета дека производителите не ги предупредиле потенцијалните играчи дека можат да станат зависни. Играта се појавила 2003 година, а ја играле околу 600 илјади играчи.