Еден Американец го тужи ланецот за брза исхрана „Бургер Кинг“ за стотина илјади долари бидејќи не му ги извадиле краставичките од бургерот пред две години. Дариус Дагер бара оштета бидејќи ресторанот во Вирџинија не обрнал внимание на неговото барање да не ставаат во сендвичот кромид, кисели краставички и друг зеленчук.
Тврди дека добил алергиска реакција од еден залак пред да сфати дека не го извадиле тоа што требало. Поради алергијата не можел да работи, а медицинските сметки се собирале. Вели дека грешката била од невнимание и бара отштета плус надоместок на судските трошоци.