Едно момче на возраст од 25 години од Шпанија ги тужело своите родители бидејќи му се заканиле со укинување на џепарлакот доколку не се вработи. Од судот побарал да им наложи на родителите секој месец да му даваат џепарлак во висина од 400 евра. Меѓутоа, судијата од Малага му наредил на момчето да ја напушти куќата на своите родители во рок од 30 дена и да научи да се грижи за самиот себе.


Момчето е дипломиран правник, а експертите предвидуваат дека оваа пресуда ќе ја шокира јавноста во Шпанија бидејќи повеќето момчиња на негова возраст сеуште живеат со родителите и не работат. Момчето сепак ќе добива по 200 евра месечно како би преживеало, но бидејќи е способно за работа, судијата смета дека родителите нема зошто да го издржуваат.