На погреб во западна Англија пред очите на ожалостената фамилија погребале друг човек.

Поради замена на ковчезите наместо 55-годишниот човек и татко на 3 деца, бил погребан непознат 62-годишен маж.


Од погребното претпријатие од Велс по погребот ја увиделе грешката па погрешниот ковчег бил есхумиран и потоа без церемонија заменет со вистинскиот.

Свештеникот се посомневал дека нешто чудно се случува уште за време на церемонијата. Имено, на ковчегот не само што имало погрешно име туку и имало и венец со цвеќа што е вообичаено за католички погреби. Иако го контактирал погребното претпријатие, оттаму ги негирале неговите сомнежи и му рекле дека покојниот бил познат под разни имиња.