Невработениот Лаи Чун (19) од Хонг Конг добил од градските власти околу 1400 долари за покривање на трошоците околу погребот на неговата баба која го одгледувала. Умрела во 2008 година, а Чун добиените пари ги прокоцкал, па телото на неговата баба се наоѓало во мртвачница повеќе од една година.


Потоа одделот за социјална помош одлучил да ја закопа, бидејќи Чун не се погрижил за тоа. Поради тоа бил приведен од полицијата, а на суд ја признал вината па завршил во затвор шест месеци.