Ден Планкет и Адам Клоет ја забележале ајкулата како кружи околу нивното бродче. Направила неколку кругови и малку се залетала во бродчето. Тоа било доволно обајцата да смрзнат од страв. Велат дека било спектакуларно, и дека никогаш не виделе бела ајкула од близу.
Можела да скокне на нивното бродче и тогаш би имале многу мали шанси за преживување. Во близина имало и група нуркачи. Ден и Адам со повици ги предупредиле да излезат од водата. Еден од нуркачите за појасот носел врзан корал кој недолго пред тоа го извадил од морето. Тоа било буквално како да се мачка со месо пред лав.