Авантуристот Џонатан Трејп од САД, кој со балон полн со хелиум го прелетал Ла Манш, направил нов подвиг и врзан за балони ги прелетал Алпите. Станал првиот човек кој со таква техника ги прелетал Алпите. Бил врзан за 54 шарени балони полни со хелиум, а на тој начин летал 12 часа.
Изјавил дека најверојатно би погинал доколку паднел. Не поради тоа што паднала ноќ, туку затоа што теренот бил многу непрегледен и не би имал каде да слета. Додал дека најмногу се плашел додека летал покрај границата помеѓу Франција и Италија. Истакнал дека го гледал заоѓањето на сонцето на висина од 4500 метри.