На еден јужноафрикански пар налетал товарен воз и наместо ги усмртил додека воделе љубов на пругите.
Иако несреќата се случила уште во петокот вечерта, полицијата дури во понеделникот ја известила јавноста за бизарната трагедија, а телата на загинатите љубовници сеуште не се идентификувани, поради што полицијата бара помош од семејствата.
Мажот починал на местото на настанот, а жената во болницата.
-Парот ги игнорираше моите сигнали кога возот сврте кон нив на железничката станица во градот Кинросу. Тие само продолжија да си ја работат својата работа – изјавил машиновозачот.