Кај секојдневната, рутинска нега на кожата често правиме некои грешки за кои можеби не сме ни свесни. Ви укажуваме на некои, а промената на навиките би можела позитивно да ви делува на изгледот и здравјето.
1.Не ја сушете косата со триење на пешкирот
Наместо тоа, замотајте ја косата во пешкир и цврсто притиснете. Со триењето може да ја заплеткате косата.
2.На челото ставајте малку шминка
Челото ни се мрда со секој израз и никако не сакате шминката да ви се собере во брчки во текот на денот.
3.Не ги отстранувајте влакната на нозете со брич после предолго капење
Купката ќе ви ги отвори порите и полесно ќе се отстранат, но ако сте во вода подолго од 15, 20 минути, кожата ќе ви се набрчка и ќе биде потешка за депилирање со брич бидејќи нема да може рамномерно да допрете до коренот на влакната.
4.Не ставајте парфем директно на косата
Парфемот ќе ви ја исуши косата, затоа, ако баш сакате да мириса на омилениот парфем, испрскајте на дланките, плеснете да испари алкохолот и потоа поминете со рацете низ косата.
5.Престанете да нанесувате моливче за усни пред карминот
Се чини логично да се исцртаат усните па да се нанесе кармин, но визажистите советуваат дека ефектот е подобар ако одите во обратен редослед. Моливчето подобро ќе лизга по меки отколку по суви усни. Се разбира, бојата на моливчето и карминот мора да се спојат.
6.Не се приближувајте премногу до огледалото додека ги отстранувате влакната од веѓите
Би можеле да го изгубите чувството и премногу да ги отстраните ситните влакна, што, кога ќе се поттргнете и ќе ја видите целата слика, би можело да резултира со запрепастување. Имајте го во видокруг целото лице.
7. Не тријте го парфемот откако ќе го нанесете
Сите тоа го правиме понекогаш. Причината зошто да се престане со таа навика е таа што тоа го убива мирисот на парфемот, едноставно го уништува. Имено, триењето ќе го стопи со природните масла на кожата и мирисот ќе биде поинаков од изворниот.
8. Не нанесувајте шампон на премногу водена коса
Малце истиснете ја водата од косата пред шампонирањето за шампонот и после него регенераторот подобро да се впијат во темето и косата.
извор:tportal.hr