Еден човек од Нов Зеланд, кога дознал дека има само неколку месеци живот, одлучил да живее со полна пареа се до смртта, но неколку месеци подоцна дознал дека лекарите погрешиле, а тој банкротирал. Френк, која не сакал да му биде наведено презимето, со својата сопруга Вилма одлучил да ужива во остатокот од животот бидејќи немал што да изгуби. Тој патувал по Австралија и Фиџи, а после тоа ја продал куќата и почнал да троши доста пари.

Заедно со својата сопруга одел на скапи вечери, излети и нови патувања. Повторно почнал да пие кафе и да пуши цигари, откако ги оставил кога прв пат дознал дека има рак. Меѓутоа, на еден од прегледите кај лекарот, му било речено дека дошло до грешка и дека нема рак. Френк бил многу среќен поради оваа вест, но единствено што му го расипало расположението бил фактот што банкротирал. Против болницата која му дијагностицирала рак била подигната тужба, а комисијата сеуште ја спроведувала истрагата.