Тајванските студенти по медицина ги закопуваат живи за повеќе да ја ценат вредноста на животот. Студентите на факултетот „Ренде Медикал“ мораат да напишат тестамент, да облечат погребно одело и да лежат во ковчег кој потоа го поклопуваат со дрвени даски. Професорите мислат дека на тој начин ќе ја доживеат смртта.
Иако трае само десет минути, ефектот е ист како кај вистинската смрт, рекол професорот Киу Даненг. Еден од студентите изјавил дека по излегувањето од ковчегот се чувствувал како повторно да е роден.