Една канаѓанка по грешка своите колеги од работа ги почестила со чоколадни колачи со марихуана. Полицијата од канадскиот град Викторија била повикана да го испита случајот на можно труење, откако тројца вработени биле префрлени во болница со симптоми на омалаксаност и дезориентација.
полицијата открила дека труењето дошло од колачите, за кои жената тврдела дека ги нашла во својот замрзнувач. Полицијата подоцна утврдиле дека колачите ги направил нејзиниот син една година претходно и целосно заборавил на нив. Против мајката не било покренато никакво обвинение, но затоа нејзиниот невнимателен син ќе биде осуден на повеќечасовна општокорисна работа.