Американската студентка Керен Овен останала усрамена откако нејзината теза во која ги оценува сексуалните партнери се појавила на интернет. Во сексуалното досие го оценила сексот со 13 спортисти од универзитетот Дјук во Северна Каролина. Меилот со име “Едукација надвор од училницата: Истакнување во областа на хоризонталната теорија“ го испратила на своите најблиски пријателки.
Истиот набрзо се проширил меѓу 14 илјади студенти. Приказната ја објавиле и многу портали низ целиот свет. Ги оценувала сексуалните партнери во осум категории и тоа физичката привлечност, големината, талентот, креативноста, агресивноста, забавата, издржливоста и бонус факторот доколку имале акцент. Графички ја опишала секоја сексуална средба, од кои повеќето се одигрувале на различни места.