Британката Паола Џејмесон од Манчестер, која имала суканици долги 1,5 метри, ги исекла после 22 години за добротворни цели. Се одлучила да се раздели од нив откако нејзината пријателка Анита Свон починала од леукемија.


Со стрижењето собрала 1600 фунти за болницата во Манчестер, која е центар за потпора на заболените од рак во цела Англија. Таа сега вели дека суканиците и недостигаат, но и дека главата и е многу полесна. Планира да собере уште пари со нивната продажба.