Истиот ден кога добиле отказ од работа, десет работници во компанијата Smart Technologies освоиле седум милиони долари на лото. Ливчето го одиграле со уште осум колеги, така да секој од нив ќе добие по околу 400 илјади долари. Компанијата Smart Technologies најавила големи отпуштања и пренесување на погоните во Мексико.
Тони Матер, еден од добитниците, рекол дека знаат оти 400 илјади долари не ги прават богати, но тоа сепак е сигурност која ја имате до крајот на животот. Нагласил дека се среќни поради добивката, но и реални. Парите ќе ги потрошат на отплати на кредитите и долговите. На компанијата многу и опаднале приходите, па во погонот во Отава планирале да отпуштат 200 до 300 работници.