Холандската полиција пронашла двајца провалници следејќи ги нивните траги во снегот. Бидејќи голем дел од земјата бил под снежна прекривка, полицијата во едно гратче во близина на Ротерам забелажала траги во снегот кои ги одвеле до две машки лица кои се обиделе да провалат во локалниот тениски клуб.

Едниот бил фатен, додека другиот побегнал, а снегот, кој и понатаму паѓал, овој пат ги сокрил неговите траги. Снегот исто така предизвикал сообраќаен хаос во земјата со колони долги и до 1000 километри, а исто така биле откажани и неколку авионски летови.