Американската полиција од Клиервотер уапсила еден 33-годишен маж бидејќи ги оставил децата во автомобил додека бил во стриптиз бар. Децата стари три и четири години го чекале меѓу 30 и 60 минути на паркингот.
Не е соопштено дали анонимниот човек е во родбинска врска со децата. Го обвиниле за занемарување на деца. Судијата му одредил кауција од околу 5000 евра.