Еден јужноафрички фармер ги опремил своите овци со мобилни телефони за да биде во постојан контакт со стадото и да ги спречи постојаните кражби на стоката од својот имот.
Мобилните телефони се врзани за вратот на овците и се вклучуваат кога овците ќе почнат да трчаат, што е знак дека крадците ја пресекле жицата и упаднале во имотот.
-Кога некоја овца ќе почне да трча, ќе ми заѕвони мобилниот телефон кој ми го кажува бројот на овцата. Така знам каде треба да барам, бидејќи мојата фарма има 750 хектари-вели фармерот Ерард Лоув, додавајќи дека кражбата на стока е многу честа.
Ерард својот необичен сигурносен систем, кој се состои од неколку мобилни телефони распоредени во различни делови од стадото, го осмислил по голема кражба од неговиот имот.Тој е многу задоволен од системот за кој вели дека се покажал доста ефикасен, бидејќи досега благодарение на него успеал да спречи една кражба.