Корејскиот пластичен хирург Ким Сунг-мин основал нов тренд. Ги оперира линиите на дланките. Пациенти од Јужна Кореја, Кина и Јапонија доаѓаат кај него на операција за која веруваат дека може да им ја промени судбината. Со операцијата се менува правецот на протегање на линиите на дланките.


Според старите верувања, на дланката се гледа иднината ви љубовта, здравјето, кариерата и квалитетот на животот. Околу 30 проценти од луѓето доаѓале за да си ги подобрат шансите на разговорите за добивање работа. Хирургот изјавил дека претходно најмногу правеле корекции на очите и носот, но сега дланките биле вистински хит.