Романтичниот план на еден напален пар од Вичи, Канзас, да водат љубов во голем контејнер за ѓубре го расипале некои криминалци кои им запретиле со нож и им ги зеле парите. Парот влегол во контејнерот за да го доживее својот интимен момент.
Еден анонимен 59-годишен човек држел нож, додека друг, стар 64 години го охрабрувал да ги ограби. Побегнале со накитот, паричниците и чевлите на вљубениот пар. Тие подоцна ја известиле полицијата која набрзо ги уапсила крадците.