Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „запуштање и малтретирање на дете” и „кражба“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 29-годишна жена од струшкото село Шум.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавената, на 30-ти минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца. Ден пред тоа, во куќата на нејзиниот свекор, кој живее во соседното село Заграчани, таа извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.

OhridNews