На ден 26.10.2018 година, во 00.05 часот во полициската станица од општа надлежност Охрид, лице на возраст од 19 години од Охрид пријавило физички напад.

Имено на ден 25.10.2018 околу 21.30 часот додека пријавителката заедно со својот брат и другарката се движеле по Кеј „Македонија“, две непознати машки лица на возраст од околу 20 год.излегле од патничко моторно возило и почнале вербална расправија со нив.

Со цел да избегнат конфликт, тројцата се засолнале во еден угостителскиот објект.По околу еден час, откако излегле од објектот, тие биле пресретнати од истите лица кои веднаш ги нападнале а потоа избегале од местото на настанот.

СВР Охрид презема мерки за идентификација на напаѓачите и целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.