Тајландската полиција уапсила 14 криминалци откако ги убедила дека добиле премии на лотарија. На криминалците, кои се осомничени за повеќе вооружени грабежи и силувања, полицијата им испратила писма на куќните адреси во Бангкок и околината, во кои пишувало дека се добитници на награди и ги известуваат каде и кога можат да ги подигнат наградите.


Сите наседнале, а полицајците ги чекале и апселе. Претставник на полицијата изјавил дека тие се чувствувале многу глупаво. Додал дека веќе долго време биле на листата на најбарани криминалци и поради тоа станале помалку претпазливи.