Девет млади девојки на возраст од 16 до 24 години се јавиле на еден лажен оглас со кој барале учеснички на едно реално шоу. Нивните голи снимки група мажи ги продавала два месеци на интернет.Девојките уверени дека се работи за шоу од типот на Големиот Брат, биле сместени во луксузна вила со базен во Истанбул.


Им рекле дека доколку се откажат од шоуто или контактираат некој надвор од куќата ќе мора да платат 20 илјади евра. На почетокот биле воодушевени од луксузот, но станале сомничави бидејќи не добивале никакви задачи и никој не бил исфрлен од куќата. Редовно добивале храна, но не и упатства од организаторот. Загрижените родители повикале полиција кога сватиле дека нивните ќерки ги нема на ниту една од телевизиските станици, како ни на интернетската страница од наводната телевизиска куќа. Полицијата стигнала во вилата, уапсила еден од организаторите кого го обвиниле за киднапирање и изнудување.