Една жена чиј идентитет не бил сооопштен, туку било само речено дека станува збор за жена која има 47 години и е од Мичиген, пиела премногу чаеви и поради тоа останала без заби. Таа, како што пренесуваат медиумите, добила скелетна флуороза, врста заболување на коските. Започнала да чувствува голема болка во грбот, рацете, нозете и колковите.

На лекарите им признала дека пиела и до 100 кесички чај дневно и тоа 17 години. Лекарите најпрво мислеле дека жената има тумор, а потоа востановиле дека всушност во организмот има премногу флуор. На несреќната жена морале да и бидат извадени сите заби, а лекарите се надеваат дека флуорот полека ќе изсчезне од нејзиниот организам и дека целосно ќе закрепне.