Американката Ли Редмонд (68) од Солт Лејк Сити ја доживеала најголемата траума во својот живот. Во сообраќајна несреќа ги изгубила ноктите долги 86 сантиметри со кои се запишала во Гинисовата книга на рекорди. Ги растела 30 години.
Вели дека се чувствува како да изгубила дел од својот идентитет. Сега ноктите и се долги 11 сантиметри и повеќе нема намера да ги пушта. Сепак признала дека сега и е многу полесно да ги обавува секојдневните работи во домот.