Мет Гон е познат во Портланд по своето ишарано тело. Шаховската  слика која прекрива поголем дел од неговто тело го направила познат и во Орегон, а сега стекнал слава и на интернет. Со оглед на тоа дека веќе целото тело го прекрил со тетоважи, одлучил да стави боја и во белките на очите.


За секое око одбрал различна боја, бидејќи сакал мутации поради своите вродени недостатоци. Сина боја ставил во левото око, а мешавина од сина и зелена во десното. Иако изгледа поинаку, не е првиот кој ги тетовирал очите. Офтамолозите велат дека е многу опасно да се става боја во очите поради можните инфекции кои можат да доведат и до губење на видот или очите.