Вејн Хјуз на левото рамо си ги истеторвирал среќните броеви кои му донеле милионска сума на британската лотарија. Тетовирањето на броевите 13, 16, 22, 25, 31 и 39 била една од првите работи кои ги направил за да го прослави освојувањето на премијата.
Броевите всушност биле комбинација од семејните родендени, а биле истетовирани под датумот на кој ја освоил добивката. Тој немал поим дека е милионер се додека не го повикала неговата мајка, која два дена по извлекувањето го проверила ливчето. Веднаш побрзал кај мајката и два пати го проверувал тикетот се додека не се уверил во добивката.