Кобрата побегнала од еден од становите во зграда во германскиот Мулхаим. Станарите морале да се иселат бидејќи пожарникарите и зоолозите не можеле да ја пронајдат змијата. Едно момче неодамна ја набавило младата кобра долга 30 сантиметри. Кога побегнала веднаш повикал пожарникари. Тие заедно со експерти за змии го пребарале станот, но змијата не ја пронашле.
Градските власти одлучиле да ги евакуираат сите станари, а нивното привремено сместување ќе го плати градот. Пожарникарите мислат дека змијата е сеуште во станот, но за секој случај целата зграда била затворена. Експертите велат дека змијата може да биде засолната најмногу 40 дена, а потоа мора да излезе за да пронајде храна. Во случај да излезе од зградата, нема да преживее поради ниските температури.