Секојдневната употреба на некои намирници ни премина во навика, но често ги фрламе највредните делови од намирници без размислување.

Најздравите делови од намирниците многу често се оние кои не ги користиме и ги фрламе по навика, па еве некои примери кои би требало да ги запомните.

На пример, стеблото од блитва е полно со глутамин, аминокиселина која има важна улога во опоравувањето на организмот и оздравувањето, па препорака е да ги исецкате и да ги варите заедно со листовите за да можете да уживате во сите благодети на оваа чудесна билка.

Листовите од цвеклото ги поттикнале луѓето на одгледување на оваа билка, а користењето на коренот започнало подоцна. Листовите се преполни со калциум, витамини А и К, влакна и железо, а вкусот им е доста интересен – нешто помеѓу цвекло и кељ. Ставете ги во салата, ќе ве воодушеват.

Кората од јаболката е преполна со кверцетин, антиоксидант кој е одличен за мозокот и белите дробови, а покрај тоа содржи повеќе витамини и влакна од остатокот од јаболката. Набавете домашни, непрскани јаболка и помогнете му на вашето тело.

Кората од компирот е најздрав дел, бидејќи во неа има многу повеќе влакна отколку во целиот компир, а покрај тоа може да се најде изобилство од калиум, калциум, витамини Б и Ц и железо, затоа, печете го компирот со кора во рерна што почесто.

Кората од лубеницата исто така ја фрламе, но и тука грешиме – преполна е со Л-цитрулин, аминокиселина која ја олеснува болката во мускулите и помага при тренингот.

Кората од портокал е полна со флавоноиди, како и кората од останатите агруми, кои корисно влијаат врз намалување на холестеролот и ефикасно се борат против воспаленијата и сцрцевите заболувања. Набавете домашни лимони и портокали и изрендајте ја кората во омилениот десерт и јадење.

извор:metro-portal.hr