Во едно село на југот на Пакистан била одржана традиционална свеченост на благословување на новороденчињата, која се врши во присуство на крокодили. Да се држи бебето над отворените усти на крокодилите може да биде опасно и необично, но жителите на селото веруваат дека тоа на децата им носи среќа во животот.
Церемонијата трае една седмица и се одржува секоја година. Жителите на селото празникот го сметаа за многу важен и строго го почитуваат. Средбата со опасните животни ја доживуваат како некој вид егзорцизам, со кој на децата им се овозможува безгрижен живот. Претставник на селото изјавил дека децата не се изложени на опасност и додал дека досега никој не бил повреден.