Се подгреваат страстите кај вљубениците на фудбалот пред градското дерби Воска – Охрид, што ќе се одигра во сабота, 26 февруари, на стадионот „Билјанини извори“.

Амбициозната Воска во мечот влегува од втората позиција на табелата, со намера да го продолжи патот кон Првата лига. Охрид, пак, каде од неодамна дуваат нови ветришта кои внесоа оптимизам и во екипата и кај навивачите, игра за останок во лигата и подобрување на пласманот на табелата.

  • Лигата е тешка, а таков ќе биде и саботниот натпревар. Ние влегуваме со спортски мотиви во дуелот со Воска и ја повикувам охридската публика да дојде во што поголем број на натпреварот и да ни даде поддршка. Ние ветуваме спортска борба, па кој биде подобар нека победи. – истакнаа претседателот на ГФК Охрид Данчо Целски и спортскиот директор Гоце Толески.

Натпреварот Воска – Охрид, почнува во 14 часот.

Г.М.