ГФК Охрид забележа нова гостинска победа, втора во низа, по смената на кормилото. Во 6 коло што се одигра викендов, Охрид на гости ја совлада Победа во Прилеп со 0:1.
Во неефикасното коло голови имаше само уште на натпреварите Вардарски – Македонија Ѓ.П. 0:2, Вардар Н. – Башкими 0:1 и Осогово- Борец 1:0.
Мрежите мируваа на средбите Скопје – Брегалница, Кожув – Плачковица и Новаци – Беласица.
Претходно Каменица САСА го совлада Арсими со 2-1.
На табелата водат Македонија Ѓ.П. и Брегалница со по 14 бода, пред Башкими со 13. Охрид е 10ти со 7 бода.
Г.М.