Во Втората фудбалска либа Запад, викендов се играат натпреварите од 5то коло. Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, во стандардниот термин, недела од 15 часот, на СРЦ „Билјанини извори“, ја пречекуваат екипата на Кораб од Дебар.
Овој натпревар е од исклучителна важност за ГФК Охрид, кој по стартната победа врза четири порази во низа кои го однесоа на дното на табелата. Противникот, пак, е во добра форма и во дуелот со Охрид влегува како второпласиран тим на табелата.
Фудбалерите на Воска Спорт, исто така во недела во 15 часот, на гостински терен и гостуваат на Беса. Воска во средбата влегува од третата позиција со 9 бода, додека Беса е четврта со 7 бода.
Лидер во Втората лига Запад е Силекс со максимални 15 бода од 5 средби.
Г.М.