Загубивме човек кој не беше само градоначалник на Охрид, туку и голем поддржувач на спортот, посебно на ГФК Лихнидос Охрид, се вели во соопштението на шампионот на Третата фудбалска лига по повод прераната смрт на градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Голем дел од успехот клубот го должи токму на градоначалникот Јован Стојаноски, кој со многу чувсвтво ја препозна потребата од целосно реафирмирање на фудбалот во нашиот град во лицето на ГФК Охрид Лихнидос, кој со несебична помош од него и општината го започна враќањето на патеките на успехот. Искрено му благодариме за целиот ангажман и личната поддршка што ни ја пружаше до последен момент, како на нашиот клуб, така и на спортот во Охрид воопшто. Градот загуби градоначалник, а ГФК Охрид Лихнидос искрен поддржувач чие отсуство не ќе можеме да го надополниме.

ГФК Охрид Лихнидос

 

OhridNews