Во рамки на Втората фудбалска лига, ГФК Охрид Лихнидос во сабота, 3 септември, го пречекува Кожуф од Гевгелија.

Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 16 часот.

Влезот чини 100 денари, а за припадничките на понежниот пол и деца е бесплатен, соопшти ГФК Охрид.

Воска Спорт овој викенд гостува во Каменица кај Саса.

По две одиграни кола Охрид има победа и пораз, а Воска Спорт забележа две победи.