ГФК Охрид Лихнидос денес ќе го одигра третиот пријателски натпревар со екипата на Брегалница.  Натпреварот е со почеток од 12 часот на Градскиот стадион.

Од планираните четири пријателски натпревари, во двата досега одиграни, ГФК Охрид Лихнидос извојува победа над екипата на прволигашот Победа, додека загуби со гол разлика од екипата на Струга ТЛ.

При подготовките за престојната полусезона покрај денешниот останува уште натпреварот со екипата на Работнички на 3 февруари.

OhridNews