Во Втората фудбалска лига Запад претстои разврската која ќе ги одреди патниците во повисок ранг и опстанокот во лигата.

Во сабота на програмата е 24 коло во кое ГФК Охрид и гостува на Велешта. Средбата ќе биде една од клучните во борбата за опстанок. Охрид е 8-ми со 22 бода, а Велешта 9-та, претпоследна на второлигашката табела. Во моментов и двата клуба се во зоната на испаѓање, бидејќи во единствената Втора лига која стартува од следната сезона ќе се натпреваруваат екипите од 3-7 место од истокот и западот, двете поразени екипи од плејофот за пласман во Првата лига и две екипи кои ќе бидат победници во баражите на победниците од третите лиги.

Пред важен предизвик е и Воска Спорт, која е на второто место кое води во разигрувањето за пласман во Првата лига. Воска викендов му гостува на четвртопласираниот Тетекс во Тетово.

Втора лига – Запад 24 коло 23.04.2022:

ФК ВАРДАР – ФК БЕСА 1976
ФК Тетекс 1953 – ФК ВОСКА СПОРТ
КФГ ГОСТИВАР – ФК СИЛЕКС
ФК КАДИНО – ФК КОРАБИ
ФК ВЕЛЕШТА – ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС

Сите средби се играат во 16 часот.

OhridNews