По фудбалерите на Охрид кои минуваат низ тежок период во првенството во Втората лига Запад, во резултатска криза влегоа и ракометарите на Охрид, кои го забележаа петтиот по ред пораз  во Супер лигата.

По Вардар и првиот тим на Еурофарм, кои беа изразити фаворити, скалпот на охриѓани им го зедоа и Бутел, Металург и Пролет. По серијата порази „гладијаторите“ се на делба на 7-то место со Прилеп, со по 12 бодови. Токму Прилеп е следниот противник на Охрид на 11 ноември во салата Билјанини извори.

Фудбалерите на Охрид, пак, викендов ја прекинаа серијата порази во Велешта, каде со истоимената екипа одиграа нерешено 1:1. Ова е прв бод по подолго време во првенството за охриѓани, по стартната победа над Беса, по која ГФК Охрид забележа 7 порази. Токму Беса на гостим е следен противник на Охрид.

ФК Воска Спорт, пак, рутински забележа уште една победа. Вчера во Охрид падна Тетекс кој беше совладан со 2:0.

По 9 одиграни кола лидер во Втората лига Запад е Силекс со 25 бода, Воска е на второто место со 21 бод, а Охрид е последен со само 4 освоени бода.

Г.М.