Ретко кој спортист во Македонија после завршување на активната кариера се потсетува на својот матичен клуб, наоѓајќи било каков начин да му помогне и да му се оддолжи за шансата во младите години. Поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски секогаш кога има можност му помага на струшкиот Караорман, кој моментално се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Уште еднаш нашиот ас Шумуликоски ја покажа својата големина, донирајќи спортска опрема составена од копачки, топки, дресови, нараквици и други реквизити за нашиот Караорман. Од срце му благодариме и му ветуваме голема борба на теренот, – се вели во соопштениот од струшкиот клуб.

Низ 20-годишната фудбалска кариера Шумуликоски го носел дресот на Целје, Синот, Зенит, Бурсаспорт, Ипсвич, Престон, Сибир, Тијанин и Словачко, а се започна во Караорман. Во дресот на Македонија, Шумуликоски запиша 84 настапи и постигна 1 погодок.

OhridNews