– На натпреварот со Силекс атакуваме на трите бода, кои ни се повеќе од потребни. Ситуацијата е многу лоша, мора да работиме напорно за да ја подобриме “бледата“ слика што ја создавме од наша страна – потенцира Гешоски.
Среќата му го заврте грбот на прилепчани во ждрепката за Купот на Македонија, “црвените“ го добија лидерот на табелата во првата лига Вардар кој е голем фаворит во овој дуел.
– Во купот се играат два натпревари, првиот го играме во гости, вториот се враќаме пред нашите навивачи,Вардар е најдобар во овој дел од првенство. Ние нема што да загубиме може само да добиеме, а пехар од Купот на Македонија супер би ни дошол – заврши робусниот напаѓач на прилепчани Гешоски.