Македонската култура, традиција и туристичките потенцијали за прв пат се презентираат на Самот за туризам „RDA Workshop“ кој деновиве се одржува во Келн, Германија.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека туристичките агенции и хотелиерите ги промовираат туристичките производи на Македонија на нов модерен штанд, со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските тур оператори и потенцијални туристи.
-Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на Wiz Air со Германија, од Скопје до Минхен-Меминген, Дортмунд, Келн, Франкфурт, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен, како и директната линија на Germania Flug од Скопје до Дизелдорф, велат од АППТ.
„RDA Workshop“ во Келн, Германија е водечки меѓународен саем кој претставува туристичка работилница и B2B настан на европскиот туристички пазар. Целта на овој туристички собир е да се идентификуваат новите трендови, да се направат поконкурентни туристичките продукти, да се воспостават нови и да се одржуваат контактите помеѓу туристичките работници и да се разменат искуства за атрактивни туристички производи.
OhridNews